Селекторот Хари Наковски го имаше првиот собир со најдобрите македонски одбојкари денеска во Маврово, со што официјално започнаа подготовките за квалификациите за ЕП 2026.
По првиот подготвителен сегмент, македонската репрезентација ќе оди на тестови во Црна Гора и во Швајцарија, а потоа дома ќе ја бруси формата на турнирот „Чајка“ со уште два противника. Ќе има и дополнителен двомеч на домашен терен.
Ова е планот до 16 август, кога македонските одбојкари ќе патуваат во Тбилиси за првиот натпревар од квалификациите против Грузија. Вториот ќе биде во Скопје против Грција на 25 август. Две победи на Македонија речиси со сигурност ќе значат четврти континентален собир во серија.
Во составот на Македонија се 14-мина одбојкари. За разлика од Европската златна лига, тука е Александар Љафтов, што е големо засилување. Поради повреда ќе го нема Лука Костиќ, што значи дека повторно ќе има четворица примачи. За позиција техничар, покрај Ѓорѓи Ѓорѓиев и Давид Стојанов, ќе конкурира и Ефтим Ричлиев, а надвор од тимот се дебитантите од последната акција Кристијан Илиев и Михајло Мирасчиев.
Состав на македонската одбојкарска репрезентација
Техничари: Ѓорѓи Ѓорѓиев (Бурса-Турција), Давид Стојанов (Фужинар-Словенија), Ефтим Ричлиев (Струмица 47&72)
Коректори: Никола Ѓорѓиев (АЦХ Љубљана – Словенија), Стојче Арсов (Работнички 71&22)
Примачи: Владо Милев (Струмица 47&72), Александар Љафтов (Ал Васл – ОАЕ), Стојан Илиев (Анагенисис – Кипар), Тоше Ефремов (Весна Пробиштип)