Одбојкарите во нова мисија: Европската лига ќе биде само загревање за квалификациите за ЕП (Фото)

Одбојкарската репрезентација на Македонија вечерва го започнува својот настап во новото издание на Европската златна лига на ЦЕВ. Првиот турнир се игра во салата „Парк“ во Струмица, а наш прв противник е селекцијата на Естонија.

Македонија во Европската златна лига ќе настапи со подмладен состав, а од клупата ќе биде предводена од новиот селектор Хари Наковски, кој го очекува своето деби на официјален меч. Токму поради промените во составот, Македонија е аутсајдер на денешниот натпревар, па квотата за наша победа е 2.60. Естонците се фаворити според квотите во Sport Life со квота од 1.47.

- Оглас -

Најнови вести