Одбојкарската репрезентација на Македонија со максимален пораз од 3-0 од селекцијата на Украина го отвори настапот во Златната одбојкарска лига на ЦЕВ. Украинците беа подобар противник во текот на целиот натпревар и сосема заслужено ги добија трите сета со 25-21, 25-22 и 25-11.
Интересно нашата репрезентација немаше водство во ниту еден момент, дури ниту почетно во ниту еден од сетовите.
Репрезентацијата на Македонија можност за поправен ќе има веќе в среда кога во Скопје ќе гостува селекцијата на Белгија. Натпреварот ќе се одигра во СЦ Борис Трајковски со почеток во 20:15 часот.