Италијанската одбојкарка на плажа Симона Лучина беше пронајдена мртва за време на забава покрај базен во приватна вила.
Инцидентот се случил во Палермо, а трагедијата во која 20-годишната девојка го загуби животот ја шокираше италијанската јавност. Според италијанските медиуми, Симона паднала во водата и не можела да се спаси.
Итните служби кои брзо пристигнале на местото на настанот можеле само да ја потврдат нејзината смрт. Симона ја објави својата последна објава на Инстаграм во 1 часот наутро, а потоа се случи голема трагедија.
View this post on Instagram
Претседателот на нејзиниот клуб Капасенсе Волеј, за кој играше, исто така се огласи по нејзината смрт.
„Таа ја сакаше одбојката. Играше за нашиот клуб до минатата година и одбојката беше сè за неа. Таа исто така многу ги подучуваше помладите играчи и децата. Навистина сме скршени од оваа вест. Се сеќаваме на неа со голема љубов. Таа беше разумна и млада жена која го сакаше спортот и беше многу посветена. Таа исто така учествуваше на неколку турнири во одбојка на плажа ова лето. Голема загуба за нашата заедница“, соопшти нејзиниот клуб.