Одбојкарките на Работнички го одбранија трофејот од Купот на Македонија

Екипата на Работнички е старо-нов освојувач на одбојкарскиот Куп на Македонија во женска конкуренција. Тие во финалето ја совладаа екипата на Наковски Волеј од Струмица со 3-1.

Натпреварот започна изненадувачки. Наковски Волеј одлично го отвори мечот и во неизвесна завршница го освои првиот сет со минимални 25-23. Во вторниот сет Работнички возврати, но многу поубедливо, со 25-18.

Најмногу возбудувања и пресврти имаше во третиот сет кој им припадна на одбојкарките на Работнички со 30-28. Во овој сет Наковски Волеј имаше и сет-топка, но откако не ја искористи можноста што им се пружи, го загубија сетот и влегоја во негатива од 1-2 во сетови.

Во четвртиот, водено и последен сет на овој натпревар, одбојкарките на Работнички имаа контрола на резултатот од самиот старт и на крајот го освоија сетот со 25-18 за конечна победа од 3-1 и нов трофеј од Купот на Македонија.

Овие две екипи, заедно со Јанта Волеј ќе бијат битка и за трофејот од првенството на Македонија.

- Оглас -

Најнови вести