Одбојкарките на САД си поиграа со Кариоките за прво олимписко злато

Женската одбојкарска селекција на САД го освои своето прво олимписко злато во овој спорт по убедливата победа над Бразил во финалето со 3-0 во сетови (25-21, 25-20, 25-14).

Кариоките беа потполно надиграни во сите три сета иако максимално пружаа отпор, па не можеа да го повторат успехот од Лондон во 2012 и Пекинг 2008 година кога беа златни.

Среброто ќе биде утеха за Бразилките, додека бронзениот медал припадна на националниот тим на Србија, кој во мечот за трето место славеше со идентични 3-0 над Јужна Кореја.

- Оглас -

Најнови вести