Одбојкарките победија по 17 години, доколку верувате во нов успех ќе добиете фантастична квота во Sport Life (Фото)

Женската одбојкарска репрезентација на Македонија во петокот ја забележа првата победа по пауза од 17 години, откако во Струмица славеше над Луксембург со максимални 3-0.

Нашите одбојкарки вечерва се пред нов предизвик наречен Швајцарија, но за разлика од првиот меч, овојпат Македонија е аутсајдер според квотите во Sport Life. Гостинките од Швајцарија се големи фаворитки со квота од 1.03, но доколку верувате во нов успех на Македонија тогаш ќе добиете фантастична квота од 9.00.

„Не може со зборови да се опише чувството кое секоја од нас го имаше по победата во петокот. Може само да се доживее и горда сум на целата екипа, на целиот стручен штаб и на публиката. Имавме притисок дека мора да победиме и искуството собрано низ годините ни помогна да се носиме со тој товар и на крајот излеговме на терен, покажавме карактер и потврдивме дека можеме да бидеме достоен противник за секој. Луксембург ни дојде и како добра подготовка за Швајцарија. Мислам и верувам дека секоја од нас ќе даде максимум и прихички и физички, и се надеваме на победа. Клучно во нашата игра ќе биде фокусот и дисциплина, мотивација секако дека нема да ни недостасува.“ – вели одбојкарската репрезентативка, Софија Пандева.

Мечот во Струмица се игра со почеток во 20 часот.

- Оглас -

Најнови вести