25.8 C
Skopje
вторник, 26 август 2025

Одбојкарската федерација му се заблагодари на Горан Пандев за несебичната поддршка (Фото)

Одбојкарската федерација на Македонија упати јавна благодарност до фудбалската икона Горан Пандев за поддршката и гостопримството во Струмица.

„Одбојкарската федерација на Македонија упатува голема и искрена благодарност до нашата фудбалска легенда Горан Пандев за несебичната поддршка на женскиот и машкиот одбојкарски национален тим на Македонија во изминатиов период.

Благодариме што хотелот на Горан Пандев беше дом далеку од дома за нашите репрезентативци и што е дел од нашата убава спортска приказна! До следните спортски успеси!!!“, порачаа од ОФМ.

Инаку Пандев не само што ги смести во неговиот хотел, туку периодов беше во родната Струмица и од трибините во салата „Парк“ им даваше поддршка на нашите одбојкар(к)и.

- Оглас -

Најнови вести