Рабат и Ел-Џадиди одиграа 1:1 во меч од мароканското првенство, а дуелот ќе се памти по еден несекојдневен момент. Првиот голман на домаќините се повреди во 27-мата минута и на негово место влезе резервниот чувар на мрежата.
И вториот голман не остана до крајот на мечот затоа што во 77-мата минута направи фаул надвор од шеснаесетникот и поради тоа доби директен црвен картон. Принудно на голот мораше да застане дефанзивецот Баша, кој уште во првиот момент беше на големо искушение.
Гостите имаа слободен удар, а Баша со неверојатен пантерски скок успеа да одбрани и да ја исфрли топката во корнер. До крајот на мечот, домаќините одлично се одбранија и дуелот заврши 1:1.