8330 Шпанија – Франција (Финале Евробаскет, 20:30 часот)
Последниот меч од возбудливото ЕП е на програмата вечерва по што ќе се знае кој ќе се искачи на европскиот кошаркарски трон.
А кога влогот е златен медал, тогаш подобрата одбрана секогаш го решава победникот, а такво нешто очекуваме и од двете селекции вечерва.
Франција ја има фаворитската улога, предводена од одличниот Руди Гобер, но Шпанија никој не ја вбројуваше меѓу фаворитите, а на крај покажа дека никогаш не смее да биде отпишана.
Предлог тип: <158.5 поени (1.84)
1310 Атлетико Мадрид – Реал Мадрид (Ла лига Шпанија, 21 часот)
Богатата денешна понуда е надополнета со големото дерби на Мадрид, каде што домаќин ќе биде Атлетико. Иако знаат да изненадат со голови кога ќе се соочат овие две екипи, во преден план избива тврдиот и неефикасен фудбал.
Од 2020 година овие две екипи одиграле шест средби и на сите тие имало од нула до два погодоци. Иако сезонава Реал игра доста ефикасно, сепак, ние сметаме дека традицијата, барем онаа блиската нема да биде прекината.
Предлог тип: 0-2 гола (1.90)
1006 Брентфорд – Арсенал (Премиер лига Англија, 13 часот)
„Топчиите“ со поразот од Манчестер јунајтед ја прекинаа одличната серија од пет победи во Премиер лигата, а денеска против незгодниот Брентфорд имаат шанса да започнат нова.
Сепак, Брентфорд нè е тим за потценување и сезонава игра одлично пред своите фанови имајќи две победи и едно реми и одлична гол разлика од 10 постигнати и три примени погодоци.
Според формата, можеме да очекуваме дека ќе видиме ГГ&3+, а и квотата во Sport Life е одлична.
Предлог тип: ГГ&3+ (2.00)
3010 Милан – Наполи (Серија А Италија, 20:45 часот)
Уште едно дерби, овојпат од Италија ни доаѓа од вечерашната спортска програма. И двата тима имаат одличен старт на сезоната, а тоа особено важи за Наполи кој што се наметнува како еден од најсериозните конкуренти за Скудетото.
А оваа средба ќе биде вистински тест за можностите на Наполитанците, кои што ќе имаат олеснителна задача, барем во одбраната со оглед на тоа дека Рафаел Леао поради црвен картон ќе недостасува.
Головите се задолжителни на оваа средба, а ние очекуваме да ги има и во двете полувремиња.
Предлог тип: 1-3I&1-3II (2.02)
1710 Лион – ПСЖ (Лига 1 Франција, 20:45 часот)
Богатата понуда за вечерва ја заокружуваме со дербито на Франција, иако во моментов јасно е дека Парижаните ја имаат фаворитската улога.
Лионел Меси, Килијан Мбапе и Нејмар едноставно се незадржливи сезонава, додека од спротивната страна Александар Лаказет ќе се обиде да му направи проблеми на Донарума.
Ќе биде вистинско чудо доколку видиме помалку од четири погодоци на овој меч.
Предлог тип: 4+ (1.89)