Одбраната на викендот ја имаше голманот на Рома (Видео)

Рома победнички си замина од гостувањето кај Џенова со 3:1, а еден од најзаслужните за трите бода е и голманот на гостите, По Лопез. При резултат 2:1 за Римската волчица, Џенова имаше одлична шанса за израмнување. Едоардо Голданика биеше со глава од околу 10 метри, топката одеше во аголот на голот, но Лопез со пантерски скок успеа да одбрани.

Оваа одбрана на Лопез може да се смета како клучна затоа што доколку Џенова успееше да израмни на 2:2, прашање е дали Рома ќе победеше.

И покрај одличните одбрани, Лопез еднаш мораше да капитулира и да ја извади топката од својата мрежа, и тоа по шутот на капитенот на македонската репрезентација Горан Пандев. 

https://twitter.com/i/status/1218961037900251136

 

- Оглас -

Најнови вести