Македонија на стартот од второто полувреме од бараж-мечот против Данска во Копенхаген има негатива од 1-0, откако првиот дел заврши без голови, 0-0.
Данците дојдоа во водство само по четири минути во второто полувреме со голот на Микел Дамсгард, и тоа откако нашата одбрана заспа. Ерера одлично стартуваше, но Стојчевски не успеа да се снајде и да ја избие топката, па Дамсгард ја погоди празната македонска мрежа.

