Македонија губи со 1:0 по првото полувреме од Црна Гора во пријателскиот меч кој се игра во Анталија. Во поголем дел од првиот дел, нашите фудбалери беа подобри, создадоа повеќе шанси, упатија повеќе удари, но на крајот губат.
Се играше 45-тата минута кога Црна Гора изведе корнер, одбраната на Македонија „заспа“, а тоа го искористи искусниот Јоветиќ, кој со глава го матира Димитриевски.