Одбрани најдобрите 25 фудбалери во последните 25 години, само еден играч е од Балканот!

Фудбалскиот магазин „четири-четри-два“, направи интересен избор во кој ги смести најдобрите 25 фудбалери во изминативе 25 години. Секако, предводници на листата се Лионел Меси и Кристијано Роналдо, а меѓу најдобрите место имаше само за еден фудбалер од Балканот, а тоа е Лука Модриќ.

Хрватот кој ја прекина десетгодишната доминација на Меси и Роналдо во изборот за „Златна топка“, е меѓу најдобрите каде има место и за: Зинедин Зидан, Роналдо, Роналдињо, Тјери Анри, Чави, Андрес Иниеста, Паоло Малдини, Роберто Баџо, Ривалдо, Фабио Канаваро, Рајан Гигс, Кака, Вејн Руни, Луис Фиго, Габриел Батистута, Ерик Кантона, Серхио Бускетс, Раул, Ромарио, Серхио Рамос и Џанлуиџи Буфон, кој е единствен голман меѓу најдобрите.

- Оглас -

Најнови вести