Одбрани пенал во 94 минута и реши да ги провоцира домашните фанови, па малку фалеше да има хаос (Видео)

Аугзбург со 1:0 победи на гостувањето кај Вердер Бремен, во меч на кој херој е гостинскиот голман Рафал Гикевич. Гостите поведоа со голот на Демитовиќ во 63 минута, а Вердер имаше шанси да се спаси од пораз и тоа буквално во последните секунди од мечот.

Во 94 минута беше досуден пенал за домаќините, а Марвин Дукс ја превема одговорноста да го шутира пеналот. Голманот на Аугзбург успеа да го „прочита“ неговиот шут и да одбрани, за голема радост на гостите. Сепак, неколку секунди по одбранетиот пенал, Гикевич се сврте кон домашните навивачи и со гестикулации покажа дека „некако се тивки и дека не ги слуша како навиваат“.

По оваа провокација, десетина фанови на Вердер скокнаа преку трибината и дојдоа буквално зад голот, но тие останаа смирени и не истрчаа на теренот за да се пресметаат со голманот провокатор, кој на крајот доби само жолт картон за овој испад.

https://twitter.com/i/status/1568340603766976512

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести