Одбрани три пенали, па го постигна победничкиот за титулата во мексиканскиот Суперкуп (видео)

Клуб Америка ноќеска го освои мексиканскиот Суперкуп по шести пат во клупската историја, по изведувањето пенали против ривалот Тигрес. Фудбалерите на Америка благодарение на нивниот голман се радуваа на титулата откако Огустин Марчесин се претвори во вистински херој за својот тим.

Во пенал-серијата која траеше до деветтата рунда, Марчесин успеа да одбрани три пенали, а потоа тој ја имаше обврската да го шутира пресудниот пенал и ја оправда довербата.

- Оглас -

Најнови вести