Одбраните на Наполи и Барса ќе се опуштат во второто полувреме

Наполи – Барселона (23.00 часот)

Елиф Елмас и другарите загубија со 1-2 во првиот пријателски меч против каталонците, и сега ќе бидат мотивирани да им вратат, но прашање е колку им е важен резултатот, бидејќи ова се сепак само подготвителни мечеви, и тренерите прават многу измени со цел да ја проверат формата на што повеќе играчи. Индивидуалниот квалитет на Барса и овојпат може да биде пресуден, но наш предлог е да се обидете да играте дека двата тима ќе дадат гол во второто полувреме, нешто што не се случи на завчерашниот дуел.

Предлог тип: ГГ второ (2.35)

 

Фламенго – Гремио (00.00 часот)

Дуелот на Маракана во Рио де Жанеиро може да оди во било кој правец. За Фламенго, минатата недела заврши убавата серија без пораз, додека Гремио има низа од три нерешени по ред. Домашниот терен е голема предност за Фламенго, играат добро и ефикасно дома, а и во меѓусебните пресметки со Гремио имаат позитивен биланс. Последното реми на овие тимови било во 2012 година.

Предлог тип: 2-3 гола (1.98)

 

Торонто – Орландо сити (01.30 часот)

Канадскиот тим има само три бода повеќе од гостинот од Флорида, двата тима се борат за место во плејофот. Орландо има неколку повредени и суспендирани играчи, а и никогаш не победил во Торонто. Првпат се среќаваат сеознава, а последната средба во мај им заврши со 2-0 за Торонто и тоа како гостин. На последните две гостувања во Торонто, Орландо беше поразен со по 1-2.

Предлог тип: 1Х & 3+ (1.70)

 

Колорадо рапидс – Сан Хозе ертквикс (03.00 часот)

Колорадо е „фенерџија“ на Западот, додека Сан Хозе е трети, но тоа не значи дерка двојката е сигурна, иако тимот од Калифорнија е фаворит. Сан Хозе во минатото коло одигра нерешено и заврши серијата од четири триумфи по ред, а Колорадо прекина црна низа и конечно успеа да победи, и тоа со 6-3, па со зголемена самодоверба влегува во битката. Рапидс ги доби последните три соочувања дома, Сан Хозе не славел кај Колорадо уште од 2013 година.

Предлог тип: Х (3.70)

 

Феникс меркјури – Далас вингс (04.00 часот)

Единствениот меч од ВНБА лигата нуди дуел на двете најслаби екипи од Западната конференција. Феникс е во подобра ситуација, бидејќи со победа, ќе се изедначи со Минесота, а ќе дојде на чекор зад третиот Сиетл. Во лигата има 12 тима, па Меркјури би играле и плејоф ако регуларната сезона заврши денеска. Далас има четири порази на последните пет меча. Сезонава овие тимови веќе играа трипати, билансот е 2-1 за Феникс.

Предлог тип: 1 & <145.50 (2.20)

- Оглас -

Најнови вести