Одброени му се деновите на Франк де Бур – Холанѓаните бараат нов селектор

Франк де Бур ќе биде сменет и Холандија ќе има нов селектор што ќе ги продолжи квалификациите за настап на Мундијалот во Катар со мечот против Норвешка на први септември.

Дотогаш Лалињата ќе бараат наследник на Де Бур, а холандските медиуми објавија дека веќе се разговарало за прекин на соработката. Болниот пораз од Чешка со 0:2 и елиминацијата во осминафиналето на Европското првенство е оценето како неуспех, па во атак за место на Мундијалот што ќе се игра идната година ќе се оди со нов кормилар.

Де Бур ја водеше Холандија на 15 меча и забележа 8 победи, но беше многу критикуван пред стартот на Европското првенство.

Медиумите во Холандија постојано истакнуваа дека не е калибар за селектор на една од десетте главни фудбалски сили на светот, а му замеруваа за изборот на фудбалерите што настапија на ЕП.

Поразот од Чешка потврди дека Де Бур беше погрешно решение, па сега трикратните светски вицешампиони не сакаат да им се случи нов непријатен дебакл и да останат без пласман на Мундијалот во Катар, што ќе се игра идната година.

 

- Оглас -

Најнови вести