Одбројувањето до стартот на Европското првенство во фудбал во Германија кое ќе се игра летово започна. Остануваат точно уште 100 дена до мечот во Минхен помеѓу домашната Германија и Шкотска, со којшто на 14 јуни ќе почне ЕП 2024.
Иако има уште само 100 дена до почетокот, уште не се знаат сите 24 учесника на големиот настан. Слободни се три места, а ќе бидат пополнети преку баражите кон крајот на месецов. За тие три места ќе се борат 12 селекции: Полска, Естонија, Велс, Финска, Босна и Херцеговина, Израел, Исланд, Украина, Грузија, Луксембург, Грција и Казахстан.
Форматот на ЕВРО 2024 е исто како на претходното ЕП, ќе се игра на 10 стадиони во десет различни градови, во 22 дена ќе се играат 51 меч, а финалето е на 14 јули на Олимпискиот стадион во Берлин.