Остануваат само уште 100 дена до почетокот на Светското првенство во фудбал во САД, Мексико и Канада, а кон крајот на месецов ќе дознаеме и дали македонската репрезентација ќе биде меѓу 48-те земји учесници на најважниот фудбалски настан во светот годинава.
Мексико и Јужна Африка на 11 јуни во Мексико сити го отвораат овој Мундијал на кој ќе има дури 104 натпревари (на претходното имаше 64) и ќе трае до 19 јули.
Списокот на учесници сè уште не е финализиран, се чекаат победниците од шесте баражи, а не е дефинитивно ни дали Иран ќе се појави.

