Одегард е мајстор за слободни удари, таков му фали на Реал Мадрид (Видео)

Реал Сосиедад има предност од 3-1 по првото полувреме на гостувањето кај соседот Осасуна, а третиот погодок беше вистинско ремек дело во изведба на Норвежанецот Мартин Одегард, кој во тимот од Сан Себастијан игра како позајмен од Реал Мадрид.

Одегард изведе слободен удар и го измами голманот кој тргна на погрешна страна. Топката заврши во горниот агол. Одегард имаше и една асистенција.

Реал Мадрид чиј играч е Одегард, откако си отиде Кристијано Роналдо, нема стандарден изведувач на слободни удари, шутира кој стигне, па затоа и по трансферот на Португалецот во Јувентус, Реал има дадено само два гола од слободен удар, по еден на Себалјос (во јануари 2019) и Иско (септември 2018). Сезонава Кралевите имаа 14 обиди, по четири пати шутнаа Бејл и Касемиро, но не ја погодија целта.

Погледнете го голот на Одегард во Памплона:

- Оглас -

Најнови вести