Одермат беше најбрз, Зубчиќ е апсолутен победник на велеслаломот во Санта Катерина

Швајцарецот Марко Одермат победи на вториот велеслалом што денеска се возеше во Санта Катерина, Италија, но апсолутен шампион е Хрватот Филип Зубчиќ, кој приреди редок подвиг и со брилијантна втора трка од 21-вото место стигна до подиумот.

Зубчиќ, кој победи во Санта Катерина во саботата, денеска имаше лоша прва трка на истото место во нов велеслалом во Светскиот куп и заврши на 21-вото место. Но, Хрватот покажа дека има шампионско срце и квалитет и со неверојатно возење во втората трка стигна до третото место, зад победникот Одермат и вторпласираниот Томи Форд од САД.

Вториот велеслалом требаше да се вози вчера, но беше одложен за денеска поради снежната покривка во Санта Катерина.

Денешниот победник Одермат е водечки во Генералниот поредок во велеслалом, пред Зубчиќ и Норвежанецот Братен.

Следната трка во велеслалом ќе се оддржи на 20-ти декември, во Алта Бадија, Италија.

- Оглас -

Најнови вести