Одигра 130 меча за Германија и стана светски првак, а сега го менува спортот

Лукас Подолски може да се пофали со завидна фудбалска кариера. Некогашниот играч на Баерн Минхен и Арсенал за репрезентацијата на Германија одигра 130 меча, во коишто даде 49 гола, а беше дел и од златната генерација на Светското првенство 2014 година во Бразил.

Поранешниот германски репрезентативец сега го носи дресот на Анталијаспор во турското првенство, а во изминативе неколку месеци, кога започна пандемијата со корона-вирусот, си зададе и уште една мисија. Подолски реши да го спаси омилениот хокејски тим Колнер Хаје, кој западна во финансиска криза поради пандемијата.

За да ги поттикне фановите да се вклучат во спасување на хокејскиот тим, Подолски даде ветување дека ако бидат продадени 100.000 виртуелни тикети за сезоната 2020/21, тој ќе се активира во хокејот и ќе заигра за тимот на Колнер. Мисијата беше успешна, беа продадени над 100.000 виртуелни тикети, а осумкратниот германски шампион во хокеј се спаси од банкрот.

Сега на ред е Подолски да го исполни ветувањето и да застане на лизгалките.

 

- Оглас -

Најнови вести