Одигра само 14 минути за Динамо и тоа беше доволно да го продадат за милион евра

Еден од оние клубови кои се познати во Европа по тоа што создаваат големи таленти, а потоа ги продаваат е Динамо Загреб. Хрватскиот првак во изминативе 10-тина година заработи 100-тина милиони евра од продажба на фудбалери во Европа.

Последен на таа листа на продадени играчи и тоа со милионски трансфер е Роко Батурина. Младиот 20-годишен напаѓач потпиша договор со Ференцварош. Унгарскиот гигант се согласил да плати еден милион евра за трансфер на фудбалер кој има одиграо само 14 минути во првиот тим на Динамо.

Батурина играше за Динамо пред две сезони и одигра само еден меч во кој влезе како резерва, во последните 14 минути. Во неодамна завршената сезона стартуваше како играч на Динамо Б тимот, а потоа беше даден на позајмица во тимот на Браво во Словенија. Пред неколку дена му истече позајмицата во Браво и се врати во Динамо, од каде веќе го комплетираше милионскиот трансфер во Ференцварош.

- Оглас -

Најнови вести