Младиот офанзивец на Јувентус, Кенан Јилдиз, е новата надеж на турскиот фудбал. Тој минатата година се пресели од Баерн Минхен во Торино, но оваа сезона добива многу мала минутажа од тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри. Турчинот одигра само 36 минути, а за него веќе постои интерес од Борусија Дортмунд, Арсенал и Ливерпул.
Неофицијално, Јувентус за неговиот трансфер бара 30 милиони евра, иако неговата цена според „Трансфермаркет“, е само еден милион евра.
Сепак, интересот на клубовите е поради неговите настапи за репрезентацијата на Турција, а вниманието го привлече со погодокот кој го постигна на пријателскиот натпревар против Германија.
Кенан Јилдиз има активен договор со Јувентус до 2027 година.