Одигра само 48 минути, а ќе заработи неверојатни 28 милиони евра

Екипата на Лидс јунајтед се најде во големи проблеми поради фудбалер кој за нив одигра само 48 минути. Се работи за францускиот фудбал Жан-Кевин Аугустин, кој во 2020 година пристигна во Лидс како позајмен од Лајпциг, кога клубот се натпреваруваше во Чемпионшип. Договорот помеѓу Лидс и Лајпциг беше доколу Англичаните обезбедат пласман во Премиер лигата, да го откупат комплетно договорот на Аугустин.

Со оглед на тоа дека играчот одигра само 48 минути за Лидс, од клубот одлучија да не го откупат неговиот договор и да го вратат во Лајпциг. Следуваше тужба од германската екипа до ФИФА, која пресуди во нивна корист и Лидс беше принуден да го исплати обесштетувањето во висина од 20 милиони евра.

Сепак, тука не е крајот на проблемите на Лидс. Потоа и фудбалерот поднесе тужба и бараше да му биде исплатен комплетниот петгодишен договор кој требаше да го потпише со Лидс. ФИФА пресуди во корист на фудбалерот и сега Лидс е задолжен да му исплати дури 28 милиони евра на фудбалер кој воопшто не потпишал договор и одиграл само 48 минути.

Лидс ја обжали пресудата до Спортскиот суд во Лозана и се чека конечната одлука.

- Оглас -

Најнови вести