Одиграа седум кола, а разликата од првиот и седмиот е само еден бод

Ако минатата сезона Зенит доминираше во руското првенство и без многу проблеми ја освои титулата, сега многу веројатно дека нема да биде толку лесно. По првите седум кола во Русија, ситуацијата на табелата е хаотична. Нема друг шампионатот во светот каде што разликата меѓу првопласираниот и седмиот е само еден бод.

Краснодар ја има честа да биде лидер со 14 бодови, колку што имаат и Спартак, Ростов, Локомотив и Зенит. Тоа се првите пет места во руското првенство кои водат кон излез во Европа. Веднаш зад водечката петорка, следуваат ЦСКА Москва и Арсенал Тула со по 13 бодови, за комплетирање на неверојатниот старт на шампионатот во Русија.

Лидерот Краснодар вечерва ќе има тешка задача да се пласира во групната фаза од Лигата на шампионите. Рускиот тим треба да надополни негатива од четири гола во реванш-мечот против Олимпијакос.

 

- Оглас -

Најнови вести