Одиграјте го колото на Спортска прогноза, последно е за оваа сезона!

Остануваат уште три дена за типување за последното, 31-во, коло сезонава од бесплатната игра на Sport Life, Спортска прогноза, а веќе се наѕираат некои од фаворитите на прогнозерите, иако уште е рано и процентите може да се сменат.

Предизвик за типувачите се 13 меча од основната понуда и два резервни кои се бројат за генерален пласман, каде што трката е неизвесна и до крај нема да се знае победникот.

Ова е последна можност да се освојат вредни подароци оваа сезона. Во минатото коло на еден прогнозер за малку му побегна 13-ката.

Рокот за прогнозирање е сабота во 15.30 часот, кога започнуваат четирите дуели од германската Бундеслига.

За погодена 13-ка, подарокот можете сами да си го одберете.

Изборот е меѓу трите понудени варијанти:

Смарт ТВ самсунг 55” 4K,

Xiaomi електричен тротинет и

Сони плејстејшн 5.

Подароци има и за прогнозерите што ќе утнат еден пар, ним им следува ваучер од 1.000 денари во Sport Life, а тие со 11-ка добиваат ваучер од 500 денари.

Прогнозирајте и бидете во трка за освојување примамливи подароци!


- Оглас -

Најнови вести