ОДИГРАЈТЕ ВО СПЕЦИЈАЛНИОТ СИНГЛ: Ист играч во ист период го дава првиот гол на последните два меча меѓу Реал и Челзи

За дерби-мечеви како што е денешниот меѓу Реал Мадрид и Челзи, во Sport Life секогаш имате неверојатно богата понуда во Специјалниот сингл. Кој ќе биде стрелец на првиот гол, кој ќе даде гол во текот на мечот, што прво ќе се случи (аут, фаул, гол-аут, корнер, офсајд…), колку корнери ќе има, кој прв ќе добие жолт или црвен картон, ќе има ли пенал се само дел од многуте игри на кои може да се обложите на денешниот Специјален синг.

Реал и Челзи во 21 век имаат одиграно само два меча, и двата во рамките од летниот Интернационален куп на шампиони кој се организира во последните неколку сезони. На двата меча победи Реал, еднаш со 3:2 и еднаш со 3:1, а овие средби ги красат интересни слични моменти.

На двата меча, стрелец на првиот гол беше дефанзивецот на Реал Мадрид, Марсело. Бразилскиот бек погоди во 19-тата минута на мечот во јули 2016 година, а интересно е што тој беше стрелец и на голот за 2:0 во 26-тата минута. До полувремето, Реал имаше предност од 3:0, а во последните 10 минути од средбата, Еден Азар, кој тогаш го носеше дресот на Челзи, го ублажи поразот на Челзи.

На дуелот одигран во август 2013 година, Марсело погоди во 14-тата минута за 1:0, а во првиот дел погодија и Роналдо за Реал, а Рамирес за Челзи, па резултатот на полувреме беше 2:1. Роналдо во вториот дел со својот втор погодок го потврди трумфот на Кралевите.

Според оваа традиција, вечерва првиот погодок треба да падне во периодот од 11-20 минута, за што коефициентот е 5.50. Марсело се очекува вечерва да биде резерва, па можеби е интересно да се проба и со опцијата првиот погодок да биде автогол, а коефициент за такво нешто е дури 18!

Ако повторно биде ефикасен меч како претходните два, треба да има над 9,5 удари во рамките на двата гола, а квотата за тоа е 2.05. Може да се обожите и кој ќе го изведе првиот корнер, колку удари од аголот ќе има вкупно или само една од двете екипи, колку жолти картони ќе има, дали ќе биде досуден пенал за некоја од екипите…

Едноставно, понудата за полуфиналето во ЛШ што вечерва ќе се игра во Мадрид е одлична и треба да го искористите Специјалниот сингл за повозбудливо следење на мечот меѓу Реал и Челзи.

 

- Оглас -

Најнови вести