Одигра на Арсенал, Лајпциг, Јувентус и Марсеј и само со четири меча стигна до добитен коефициент од 253

Дека некогаш не треба многу филозофирање и редење на многу мечеви за да се стигне до голем коефициент е доказ и тикетот уплатен на вчерашните мечеви. Среда излезе среќен ден за овој обложувач кој со само четири натпревари успеа да погоди коефициент од 253.

Одлична е прогнозата на лондонското дерби меѓу Челзи и Арсенал, па одиграно е на победа на Топчиите во меч на кој двата тима ќе дадат барем еден гол. На крајот, гостите славеа со 4:2.

Лајпциг се намачи во дуелот со Унион Берлин, но на крајот победи со 2:1 и тоа благодарение на погодок во 93 минута. Токму тој гол беше потребен за да биде „кец“ во меч на кој двата тима ќе дадат барем еден гол.

Иста комбинација од „кец“ со ГГ беше и на Олимпик Марсеј – Нант. Гостите на полувреме водеа со 2:1, но Олимпик во второто полувреме даде два гола и стигна до триумф од 3:2.

Јувентис ќе игра во финалето на италијанскиот куп откако со 2:0 ја победи Фиорентина во Торино и тоа беше резултат за комплетирање на добитниот тикет, кој со само 100 вложени денари донесе догивка од 25.381 денари.

- Оглас -

Најнови вести