Ленс и Ремс одиграа меч во кој постигнаа по четири гола, а на крајот освоија само по еден бод. Дуелот се играше во Ленс, а домаќините на полувремето водеа со 1:0.
Само што започна второто полувреме, започна и гол-шоуто. Ремс даде два гола и во 55-тата минута водеа со 2:1. Тој резултат беше до 77-мата минута, кога најпрво гостите си дадоа автогол, а потоа следуваше автогол и на Ленс за 2:3 во 79-тата минута. Гостите потоа дадоа гол и за 4:2, а тоа беше резултатот до последната минута.
Во 90 минута Ленс намали на 2:3, а веќе во следниот напад, домаќините повторно погодија за неверојатни 4:4 и дури седум погодоци во второто полувреме.