Одигран најдосадниот меч во Серија А, но беше испишана историја

Аталанта на свој терен одигра само 0:0 против Калјари во дуел од 25 коло на Серија А. Пред мечот, домашниот тим од Бергамо беше голем фаворит, но Калјари кој има главна цел да се спаси од испаѓање, успеа да се одбрани.

Ова е четврти меч по ред на кој Аталанта дома не може да победи (три реми и еден пораз) и токму поради оваа очајна низа, екипата од Бергамо не само што го загуби првото место на табелата, туку сега има и заостанување во однос на Наполи и Интер.

Аталанта делуваше безидејно на теренот, а гостите беа со цел само да се одбранат. Токму затоа на крајот, Аталанта имаше само два шута во рамките на противничкиот гол, а гостите немаа ниеден таков обид. Токму според покажаната статистика, ова сигурно е еден од најдосадните мечеви кои сезонава се одиграа во Серија А.

Иако освои бод и сигурно не е задоволен од играта на неговиот тим, тренерот на Аталанта, Џанпјеро Гасперини стигна до 600 бодови во Серија А. Тој е само вториот тренер во историјата на италијанското првенство што успеал како предводник на еден тим да освои 600+ поени. Пред него тоа му успеало само на Масимилијано Алегри кој со Јувентус има освоено 663 поени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести