Машката ракометна репрезентација на Македонија имаше среќа на денешната ждрепка за квалификациите за Европското првенство кое во 2026 година ќе се игра во Данска, Шведска и Норвешка.
Ривали на патот до ЕП ќе ни бидат, Словенија, Литванија и Естонија. На ЕП одат првите две од групата,и четири најдобри третопласирани од осумте квалификациски групи.
Словенија ќе биде фаворит, а Литванците и Естонците не играа на ЕП во Германија, местото во квалификациите го обезбедија преку претквалификации.
Место на ЕП имаат обезбедено трите земји домаќини, плус европскиот првак Франција.