Одиш на дерби каде што има 16.000 луѓе, а во банка смеат да влезат само двајца

Поранешниот кошаркар Милан Дозет, кој е познат по духовити коментари на „Твитер“, овојпат на свој начин ја опиша ситуацијата во Србија предизвикана од пандемијата на корона-вирусот. Многу мерки во Србија се укинати или ублажени, па синоќешното белградско дерби од полуфиналето на Купот на Србија се играше со публика и на трибините се собраа 15.800 гледачи.

Но, надвор од стадионот, многу институции и фирми се придржуваат кон ригорозните мерки, па Дозет направи сликовита споредба.

„Србија – Земја во која навечер одиш на дерби со 16.000 луѓе, а следното утро стоиш во ред пред банка, два метра од човекот пред тебе, бидејќи внатре пуштаат само по двајца“, напиша Дозет.

- Оглас -

Најнови вести