Одличен е вкупниот коефициент на петте понудени дуели

Петте денешни средби во Квотите на денот носат вкупен коефициент од 55.42, што значи дека може добро да се заработи. Мајорка е домаќин на Валенсија во меч на кој се очекуваат погодоци во двете полувремиња, и тоа од еден до три гола во двете полувремиња, што носи коефцииент од 2.50.

Лугано и Јанг бојс треба да играат меч со погодоци, и тоа барем еден гол во првото полувреме и три погодоци на крајот, што носи квота од 1.80.

Црвена ѕвезда треба да го освои Купот на Србија во дуелот против Чукарички, и тоа во натпревар на којшто ќе има барем по еден погодок во двете полувремиња, што носи коефициент од 2.10.

Манчестер јунајтед треба да постигнува погодоци во дербито против Челзи, и тоа во двете полувремиња. За играта Т11+I&1+II коефициентот е 2.30.

Осасуна во Памплона е домаќин на Атлетик Билбао, а тука треба да се очекува гостите да не загубат во дуел на кој двата тима ќе погодат барем по еднаш, што носи квота од 2.55.

- Оглас -

Најнови вести