Разновиден е денешниот Супер тип во Sport Life. Понудата започнува со тениски возбудувања, а завршува со хокеј од НХЛ-шампионатот. Секако, неизбежни се и најинтересните фудбалски мечеви, но сепак денеска во фокусот е едно кошаркарско дерби.
Баерн во Минхен е домаќин на Реал Мадрид во Евролигата. По седум кола, Кралевите имаат пет победи и два порази, а Баерн е со биланс од само две победи и дури пет неуспеси. Последниот пат кога Реал гостуваше кај Баварците, дуелот беше толку драматичен, што мораше да се игра дополнително продолжение од пет минути. На крајот Реал славеше со 81:72.