9.8 C
Skopje
недела, 15 февруари 2026

Одличен настап на Дарио Ивановски на маратонот во Севилја

Македонскиот рекордер во маратон, Дарио Ивановски, денешниот маратон во Севилја го истрча за 2 часа, 12 минути и 23 секунди, што е одличен резултат, негов трети најдобар во кариерата.

Дарио пред две години токму во Севилја го постави македонскиот рекорд кој е на четири минути подобар од денешниот резултат на патеката долга 42.195 метри.

Маратонот секогаш е непредвидлив, а Дарио со своите квалитет, издржливост и карактер повторно ја претстави Македонија во најпозитивно светло.
Резултатот му донесе нов двегодишен статус – спортист од меѓународна категорија од Министерството за спорт на Македонија, како и пласман на ЕП во Бирмингам оваа година.

Инаку на маратонот доминираа атлетичарите од Етиопија (првите тројца и осум од најдобрите 10). Победникот имаше време од 2 часа, 3 минути и 59 секунди.

- Оглас -

Најнови вести