Македонија игра историски меч против Грузија на 12 ноември, а влогот е настап на Европското првенство идната година.
За да бидете во убав колорит со дрес и шал на македонската фудбалска репрезентација за големото финале во Лигата на нациите, Sport Life одлучи да помогне со одличен попуст во СЛ маркетот.
Од денеска до 15 ноември со поените што ги имате на вашата картичка во Sport Life можете да си пазарите дрес и шал на македонската репрезентација во СЛ маркетот по намалени цени.
Официјалниот дрес на македонската фудбалска репрезентација сега ќе ве чини 160.000 поени, наместо досегашните 178.400 поени во СЛ маркетот, а шалот со нашите македонски обележја може да се набави со 36.000 поени, наместо досегашните 39.200 поени.
Попустот важи и за криглата од половина литар со ознаките на Sport Life, што може да го краси вашиот дом со набавка за 13.000 поени, намалување што важи во следните 7 дена.