Со приказна за еден од најверните навивачи на клубот Арсенал го презентираше новиот дрес за новата сезона во Премиерлигата. Се работи за третата гарнитура, а видеоматеријалот е со наслов „Запознајте го Лен“.
Се работи за еден од најверните навивачи на клубот од Лондон со интересна приказна, во која раскажува како го возел Денис Бергкамп од Турција до Лондон и интересни детали за сезоната 2003/04 за популарната генерација на фудбалери на Арсенал познати како “Недопирливите“ кои ја освоија титулата во Премиерлигата без пораз.