Одличје за Венгер од здружението на менаџери од Премиер лигата

На ексменаџерот на Арсенал, Арсен Венгер, вчера му беше доделена наградата за посебен придонес во англискиот фудбал. Наградата е од Здружението на менаџери во Премиер лигата, a му ја врачи селекторот на Англија, Герет Саутгејт.

Венгер по крајот на минатата сезона, го напушти кормилото на Арсенал по 22 години, во кои три пати ја освојуваше Премиер лигата, како и седум пати го подигна трофејот на ФА купот. Стратегот со комична изјава ја прими наградата.

„Од денот кога го напуштив моето работно место во Арсенал, речиси секоја недела добивам по некоја награда. Да знаев дека повеќе одличја ќе добивам без ангажман, ќе престанев порано да работам, вака ви се чини дека сум глупав што толку долго сум чекал“, се пошегува Венгер.

„Со гордост му ја доделуваме оваа награда на Арсен Венгер за неговата сјајна тренерска кариера на овие простори. Улогата менаџер многу се смени по неговото доаѓање во Премиер лигата, но неговиот придонес во изминативе 22 години остави голема трага во англискиот фудбал“, истакна извршниот директор на здружението, Ричард Беван.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести