Реал Мадрид како прв фаворит за освојување на првенството во Шпанија, вечерва стартува во првото коло и тоа на тешко гостување во Билбао против Атлетик. Кралскиот клуб се соочи со голем проблем пред почетокот на предизвикот, откако се повреди голманот Тибо Куртоа, за кого сезоната заврши уште пред да почне.
Мадридскиот гигант уште нема најдено вистинска замена за Куртоа, но верува во триумфално враќање од Билбао. Традицијата вели дека Реал има осум победи во последните 15 средби со овој ривал, два пати се радувал Атлетик, а пет пати било нерешено.
Тоа што е најкарактеристично за мечевите во овој период е дека нема многу голови кога играат овие ривали. На дури 11 од 15-те средби немало повеќе од два погодоци. Во Sport Life одличен е коефициентот и овојпат да биде од 0-2 гола и вреди 1.96 квота.