24.8 C
Skopje
четврток, 18 септември 2025

Одлична е квотата за „двојка“ на Вардар, Работнички пред императив за победа (Фото)

Најтрофејниот македонски клуб Вардар денеска (15.30 часот) во Гостивар ќе му гостува на Арсими, а квотата за победа на Црвено-црните навистина е примамлива (2.07). Се очекуваат полни трибини на стадионот во Гостивар, фудбалерите на Арсими ќе имаат максимални мотиви да го совладаат составот на Гоце Седлоски, но јасно е дека квалитетот е на страната на Вардар.

Работнички сѐ уште нема победа во новата сезона од Првата лига, а Романтичарите најавуваат дека е крајно време денеска да се вратат на победнички колосек и да освојат три бода против Пелистер. Но, и битолскиот тим, секако, има свои планови, во најмала рака да остане непоразен на ова гостување.

Со овие два натпревари се заокружува шестото коло од Првата МФЛ, а веќе за викендот следува седмото коло.

- Оглас -

Најнови вести