Одлична е квотата за Вардар да влезе во победничка серија (Фото)

Денеска од 13 часот ќе се играат пет натпревари од 12-то коло во Првата фудбалска лига. Ова е прво коло од вториот круг, а по првиот круг најдобар е тимот на Шкендија со 24 бода, додека на дното е Вардар со само осум освоени бодови.

Вардарци во претходното коло успеаја да ја остварат втората победа сезонава, беа подобри од Работнички (1:0) а денеска на стадионот „Борис Трајковски“ ја пречекуваат екипата на Брера Струмица.

Струмичани имаа одличен старт на сезоната со четири триумфи во низа, но оттогаш се во серија од седум меча без победа.

Првиот меѓусебен дуел заврши со минимален триумф на Брера, а квотите и денеска се на страната на Струмичани (2.25), но одлична е квотата за Вардар да влезе во победнички ритам и изнесува 3.00.

На останатите наптревари, интересно ќе биде и во Ѓорче Петров каде Македонија ЃП го пречекува Тиквеш. Првиот дуел заврши со минимален триумф на кавадарчани, а квотите овој пат го фаворизираат тимот на Македонија ЃП  (2.15).
Во Чаир, Шкупи го пречекува Работнички, а во Тетово, Шкендија е голем фаворит со квота од 1.28 за победа над Воска Спорт.

 

- Оглас -

Најнови вести