28.8 C
Skopje
среда, 27 август 2025

Одлична квота дека Дивите телиња ќе ги совладаат Гризлите (Фото)

Седумте натпревари кои вечерва после полноќ се играат во НБА лигата, на свој начин носат неизвесност и имаат значење.

Далас маверикс има два порази по ред, а го пречекува второпласираниот на Западот, Мемфис гризлис, кој е во мини-низа од две победи едноподруго. Кој и да загуби, ќе биде во проблем, бидејќи може да ја загуби позицијата која ја има на табелата.

Гризлите имаат ист скор со Сакраменто, водат мртва трка за второто место на Западот. И Кралевите ќе имаат тешка задача, им гостува лидерот на Истокот, Милвоки бакс.

Интересно треба да биде и во Сан Франциско каде Вориорс го пречекува опасниот, но некомплетен Феникс санс.

Во понудата на Sport Life, има и голем број на кошаркари на кои може да се обложите колку поени ќе постигнат.

- Оглас -

Најнови вести