Њукасл и Манчестер сити вечерва ќе го играат првиот меч од полуфиналето во Лига купот на Англија. Домаќините сигурно ќе сакаат да се стекнат макар со минимална предност за да можат да бидат посамоуверени пред реваншот во Манчестер, кој ќе се игра на 4 февруари.
Њукасл влезе во добра серија и има победи на последните четири меча што ги одигра, а трипати имаше голеада со 4+ погодоци.
Сити нема пораз на последните 12 дуели, но во првенството спои три нерешени во низа, па гневот за тие разочарувачки резултати го истури врз нисколигашот Ексетер и со 10:1 го победи во ФА купот. Сега задачата за Граѓаните ќе биде многу потешка.
Сезонава Њукасл на свој терен веќе еднаш го победи Сити, и тоа со 2:1 во првенството, а сите три погодоци беа постигнати во второто полувреме. Сега, главен фаворит за прв стрелец на гол вечера е Ерлинг Халанд, а тука се и Ник Волтмејд, Фил Фоден, како и Харви Барнс, кој го постигна првиот гол на нивната последна пресметка.
Во понудениот Специјал има и многу комбинации за статистичките игри како што се: вкупно жолти картони, вкупно изведени корнери, направени фаули, подигнати офсајди, шутеви во рамките на голот…


