Наполи и Болоња вечерва на стадионот во Ријад ќе играат за трофејот во Суперкупот на Италија. Наполи во полуфиналето го победи Милан, а Болоња изненадувачки го елиминира Интер по подобро изведување на пенали.
За овој специјален меч има специјална понуда во Sport Life. Наполи е во улога на мал фаворит, но кога се работи за финале, само на терен се гледа кој е подобар, а тогаш може да одлучи и моменталната инспирација.
Ако се погледнат последните шест меча на овие два клуба, Болоња е поуспешна со две победи, Наполи се радувал само еднаш, а три дуели завршиле нерешено. На пет од тие шест меча немало повеќе од два погодоци.
Кога се работи за погодоците, дури 15-мина играчи се во понудата за играта „Стрелец на гол“. Тука главни фаворити за стрелец на првиот погодок се Лука Лоренцо, Ромелу Лукаку и Расмус Хојлунд. Во понудата е и Елиф Елмас, кој е стандарден во првиот тим на Наполи. За Еламс да го даде првиот гол има квота од 11, додека да биде стрелец во тек на меч е со квота од точно пет.
Во комбинацијата Наполи да победи, а Елмас да биде стрелец на гол, коефициентот е 6.50.
Тука се и игрите за бројот на изведени корнери, добиени жолти картони, направени фаули, офсајд позиции, упатени удари во рамките на голот…


