Примамлива е понудата во денешниот Супер тип, а интересно е дека започнува со дуел на нашиот најдобар тенисер Калин Ивановски. На турнир во Братислава, Ивановски за противник го има Питер Гојовчик од Германија.
Според АТП-рангот, Ивановски е 61 позиција подобро рангиран од овој ривал, но квотите покажуваат дека Германецот ја има улогата на фаворит, па затоа дополнителен предизвик е да се одигра „кец“ на Калин, кој вреди 2.32.
Вкупно пет тениски дуели со зголемени квоти има во денешната понуда, а има и четири хокеи, во кои фаворитите треба да слават. Од фудбалската понуда има седум средби и интересно е дека на сите седум домаќините се во улога на фаворит.