Рома – Торино (Фудбал, Италија, 20.45 часот)
Волчицата беше подобра на 10 од последните 11 соочувања со Биковите во сите натпреварувања, па нема дилеми дека Рома е фаворит на хартија и овојпат. На пет од последните шест меча против Торино на „Олимпико“, домашните даваа барем три гола. Рома многу ретко губи дома, во 2019 година само двапати загуби. Торино на гости има серија од три меча без пораз, но традиција му е да губи од Рома.
Предлог тип: 1 & 3+ (2.08)
Ливерпул – Евертон (Фудбал, Англија ФА куп, 17.01 часот)
Вистинска реткост е кога Ливерпул игра дома против англиска екипа, па макар била и градскиот ривал Евертон во меч од ФА купот, квотата за едница да биде поголема од 2.00. Таков е случајот денеска и затоа предлагаме да типувате на триумф на тимот на Клоп против составот на Анчелоти. Иако Евертон се консолидираше, сепак Црвените се друга димензија и ако го дадат максимумот, нема дилеми кој ќе се радува. Карамелите на последните 23 гостувања на „Енфилд“ не знаат за победа.
Предлог тип: 1 (2.15)
Спортинг Лисабон – Порто (Фудбал, Португалија, 18.30 часот)
Стефан Ристовски и другарите имаат тешка задача, но Порто уште од 2008 не славел во Лисабон. Спортинг е трети на табелата, но има дури девет бода помалку од вториот Порто, кој чека шанса да ѝ се приближи на Бенфика која засега е недопирлива на врвот и бега седум бода со меч повеќе. Интересно е што на последните дури девет меѓусебни меча помеѓу овие тимови, било нерешено после првото полувреме.
Предлог тип: Х2 & 2+ (1.70)
Олимпијакос – Панатинаикос (Фудбал, Грција, 18.30 часот)
Во големото грчко дерби секогаш е тешко да се одреди кој е фаворит, иако Олимпијакос сезонава е многу посилен. Три од последните четири пресметки на овие тимови завршуваше со нерешен резултат 1-1. Зелените детелинки на последните четири гостувања во првенството одигра нерешено. И сега би биле задоволни со бод, на гости кај Олимпијакос не победиле од 2014 година. Ако слават пирејците, ќе се искачат на прво место со бод предност пред ПАОК.
Предлог тип: 2-3 гола (1.97)
Џенова – Сасуоло (Фудбал, Италија, 18.00 часот)
Тимот на Горан Пандев со нов тренер и многу мотиви го пречекува Сасуоло. Џенова е последна на табелата и нема простор за калкулации, мора да оди на три бода. Но, Сасуоло има серија од пет гостувања без пораз, и тоа во оваа низа гостуваше и кај Јувентус и Милан. Последните три меѓусебни дуели на овие тимови во Џенова биле со 0-2 гола.
Предлог тип: 1Х & 0-3 (1.95)
Квоти на денот во обложувалниците Sport Life се:
Челзи – Нотингем форест Т1 1+I & Т1 3+ (2.10)
Спортинг Лисабон – Порто Х2 & 2-4 (2.25)
Рома – Торино 1-3 I & 1-3 II (1.95)