Во денешниот Супер тип има интересни натпревари, а вам ви останува да го одберете вашиот фаворит со зголемен коефициент. Најзвучен дуел од сите 16 понудени, секако, е кошаркарското дерби во Евролигата меѓу Црвена ѕвезда и Реал Мадрид.
Српскиот првак кој само пред два дена победи во „Јане Сандански“ против МЗТ Скопје Аеродром во АБА-лигата, сега во Белград е домаќин на Кралскиот клуб од Мадрид. Ѕвезда ќе биде ослабена со неиграњето на Кампацо, но дури и тој да играше, Реал ќе беше фаворит. За победа на Кралевите, квотата е одлична и изнесува 1.73.
Жешко ќе биде и во Атина, каде што Панатинаикос го пречекува Фенербахче, а за победа на гостите од Истанбул, коефициентот е 1.85. Виртус Болоња е фаворит дома против Жалгирис.
Од фудбалскиот дел, Њукасл, кој беше елиминиран во ФА купот од третолигашот Шефилд јунајтед, сега рехабилитација ќе бара во Лига купот, каде што игра на домашен терен против Лестер, а „кецот“ е 1.61. Слична квота има и за триумф на ПСВ Ајндховен на гости кај Спарта во Ротердам, во меч од холандскиот Куп.