Според традицијата, според формата и според коефициентите, селекциите на Шпанија и Германија треба да ги имаат фаворитските улоги во пресметките со Австрија односно Србија. Шпанија тесно славеше над Србија во првото коло, а Австрија со три разлика загуби од Германија. Токму оваа група е најизраментата на Европското првенство.
Шпанија има седум победи и само едно реми и еден пораз во пресметките со Австрија. Сепак, Австрија токму пред две години на ЕП покажа дека може да изненади и одигра 33:33. Тука може да се очекува неизвесен меч, но Црвената фурија сепак е фаворит, па победа на Шпанија со не повеќе од три гола е со квота од 3.60.

Германија има шест победи во последните шест средби со Србија. Сепак, Србите предводени од селекторот Раул Гонзалес против Шпанија покажаа дека може да бидат опасен ривал. Ако започнат екстра мотивирани, Србите може да стигнат и први да постигнат пет гола, комбинација која е интересна во специјалите кои се нуди.
Тука се и опциите за обложување која селекција прва ќе даде три гола, седум гола, 10 или 15 погодоци.


